Аргентинскиот младински репрезентативец Арон Анселмино, е нов фудбалер на Борусија Дортмунд. Овој 20-годишен стопер доаѓа во Дортмунд од редовите на Челси, и ќе игра како позајмен играч до 30 јуни 2026 година, објавија „жолто-црните“.
Претходно од Челси во Борусија Дортмунд се пресели Карни Чаквуемека како перманентен трансфер, и потпиша до 2030 година. Овие два тима имаат соработка во последните години. Претходно од овој тим на позајмица беа уште неколку играчи, меѓу кои и Јан Матсен и Мичи Башуаји. Во спротивен правец, од Дортмунд во Челси замина Џејми Гитенс со перманентен трансфер.
Анселмино од Бока пристигна во Челси во 2024 година, но минатата сезона ја мина како позајмен повторно во Бока, за кој одигра 11 меча во шампионатот на Аргентина. За Челси и натаму нема настап. Тој ќе треба да ја засили дефанзивата на „милионерите“ која делуваше многу нестабилно на првиот меч од Бундеслигата против Сент Паули кој заврши 3-3, резултат кој беше разочарувачки за „милионерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

