ОФИЦИЈАЛНО: Босанчиќ е нов фудбалер на Вардар

Српскиот фудбалер Немања Босанчиќ и официјално е претставен како нов фудбалер на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Српскиот интернационалец има 29 години, игра на позиција централен играч за врска, а доаѓа од екипата на Паневезис од Литванија.
Во досегашната дел на кариерата, има настапувано и за екипите на Инџија, Чачак и Колубара од Србија, Беране од Црна Гора, Лахти од Финска.

Две сезони(2020/21 и 2021/22) има настапувано во првата фудбалска лига на Македонија, како играч на екипата на Струга Трим Лум, за која има одиграно 48 натпревари, на кои има забележано 11 асистенции и има постигнато вкупно 10 гола.

Покрај Босанчиќ, Вардар денеска го официјализираше и Рушту Јонус. Во досегашниот дел на кариерата, има настапувано и за екипите на Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос.

Се вчитува...