Новиот тим во Формула 1 – Кадилак, кој ќе влезе во шампионатот следната година, потврди дека Валтери Ботас и Серхио Перез ќе возат за него.
И двајцата минатата сезона останаа без место во најбрзиот циклус, па затоа нивното враќање не е изненадување. Кадилак избра искусни возачи – Ботас има 246 стартови, 10 победи и 67 подиуми, додека Перез има 281 стартови, шест победи и 39 подиуми.
„Ова не е само проект, туку долгорочна визија и можност да се изгради нешто од нула“, рече Ботас. Перез додаде: „Чест ми е што сум дел од тим кој еден ден ќе се натпреварува на самиот врв.“
Кадилак ќе го има своето деби во Австралија, на отворањето на сезоната од 6 до 8 март
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

