Барселона oфицијално го продолжи договорот со тренерот Чави Хернандез. Младиот стратег стави потпис на договор со важење до јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една година.
Овој потпис стави крај на целиот процес на „рибилдинг“ на клубот кој почна минатата сезона. Со месеци се шпекулираше дека двете страни преговараат за договор до 2026 година, но во разговорите, секогаш според извори блиски до Чави, како крај на договорот била користена 2025 година.
„Дојдовме во многу неповолни околности. Кога ќе се сетиме на тоа, и на она што го има сега, имате чувство дека сме подобри. Сè уште ова е процес на изградба и формирање. Веќе покажавме примери во првата година за тоа што можеме да направиме. Ова мора да биде сезона на резултат. Се чувствувам поддржан од претседателот, особено во лошите времиња“, изјави Чави по потпишувањето на договорот.
Oficial: Xavi 2025 ✍️ pic.twitter.com/vZb6ltfLFV
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) September 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА