OФИЦИЈАЛНО: „Чунга-лунга“ се врати во својот Вардар

Како што веќе неколку денови се шпекулираше во фудбалските кулоари во Македонија, денеска е и официјализирано враќањето на легендарниот Горан Петрески во Вардар.

Популарниот „Чунга-лунга“ ќе биде дел од стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб кој влегува со големи амбиции во новата сезона во ПМФЛ.

Во досегашната тренерска кариера, ја предводел У-18 репрезентацијата на Македонија, како и екипата на Работнички. Како фудбалер со Вардар освои три титули во домашниот шампионат и две во Купот на Македонија.

Се вчитува...