Италијанскиот гигант Јувентус денеска и официјално го претстави Даглас Луиз за свој нов фудбалер. Даглас Луиз во Торино доаѓа од редовите на англискиот премиерлигаш Астон Вила за сума од 50 милиони евра.
Даглас Луиз кариерата ја почна во бразилска Васко де Гама, од каде се пресели во Манчестер сити, но за овој клуб не одигра ниту еден официјален натпревар. Тој помина две сезони на позајмица во Жирона, пред да премине во Астон Вила во 2019 година.
„Даглас Луиз е фудбалер на Јувентус! Бразилскиот интернавионалец потпиша петгодишен договор до 30 јуни 2029 година“, стои во соопштението на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА