Повратникот во македонскиот елитен фудбал Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона. По ангажманот на неколку искусни и млади фудбалери битолчани денеска го официјализираа и трансферот на Даниел Карчески.
Триесетидвегодишникот кој ја покрива левата бековска позиција во Битола пристигнува од редовите на Тивкеш, а во домашниот шампионат настапуваше и за Победа и Силека.
„Задоволство ни е да го официјализираме и претставиме потпишувањето на ,,Карче”, кој претходната сезона го носеше дресот на ГФК Тиквеш. Од денес сме уште посилни на левата бековска позиција во тимот, на која Карчески треба да придонесе со своето големо искуство и квалитет.
Карчески е дете на Победа, а во својата кариера, освен за екипата од Прилеп, во македонскиот шампионат настапуваше и за екипите на Силекс и Тиквеш“, стои во објавата на битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА