Дарко Чурлинов и официјално ја продолжува својата кариера во дресот на Јагиелонија, откако македонскиот репрезентативец денеска го комплетираше трансферот во редовите на шампионот на Полска.
Чурлинов уште пред неколку дена ги имаше договорено личните услови заедно со својот агент Никола Ѓошевски, по што беше постигнат и целосен договор меѓу Барнли и Јагиелонија, со што Полјаците го донесоа нашиот интернационалец на едногодишна позајмица.
Чурлинов вечерва ќе ги бодри од трибините своите нови соиграчи на дуелот на домашен терен против Бодо Глимт во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА