Официјално: Датоме потпиша за Милано

Џиџи Датоме од денеска и официјално е нов член на Олимпија Милано, потпишувајќи тригодишен договор со италијанскиот евролигаш.

Одличниот шутер ги мина последните пет сезони во дресот на Фенербахче и чекаше да ја види разврската со тренерот Жељко Обрадовиќ. Откако српскиот стратег објави дека си заминува од клупата на Фенер, Датоме реши и тој да си замине од турскиот гигант, враќајќи се во татковината.

Трансферот денеска беше официјализиран од страна на раководството на Олимпија Милано, со што Датоме стана петтото засилување на италијанскиот тим за новата сезона, по Кевин Пантер од Црвена Звезда, Малком Дилејни од Барселона, Кајл Хајнс од ЦСКА Москва и италијанскиот суперталент Давиде Морети, кој се враќа во татковината откако настапуваше во НЦАА-лигата при школувањето во САД.

Се вчитува...