Официјално: Де Лихт и Мазрауи нови играчи на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го промовираше Матијс Де Лихт за нов играч. Холанѓанецот доаѓа од тимот на Баерн Минхен. Стоперот потпиша договор до 2029 година, со опција за продолжување на уште една.

На 25-годишна возраст Де Лихт веќе ја освои шампионската титула со Ајакс, Јувентус и Баерн Минхен. Има 324 настапи на клупски план, а за репрезентацијата настапи 45 пати.

„Штом слушнав дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за мене, бев возбуден поради можноста да играм за таков историски клуб. Во разговорите бев импресиониран од визијата, и улогата што ја гледаа во мене. Тен Хаг ме знае од порано, па знае да го извлече најдоброто од мене, и чест ми е што ќе работам повторно со него“, рече Де Лихт.

Нов фудбалер на Јунајтед стана и Нусер Мазрауи, кој исто така доаѓа од Баерн Минхен, и во минатото работеше со Тен Хаг во Ајакс.

Се вчитува...