Даниеле де Роси е нов тренер на италијанскиот калчолигаш Џенова. Легендата на Рома ќе дебитира на клупата на Џенова во недела против Фиорентина.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Де Роси потпишал краткорочен договор, само до крајот на оваа сезона, но со опција за продолжување на соработката доколку двете страни бидат задоволни, а Џенова избегне испаѓање во Серија Б.
По пензионирањето како играч, Де Роси беше тренер на СПАЛ и Рома, каде што беше минатата година. Де Роси ќе биде официјално претставен пред медиумите во петок, за кога е закажана конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

