Рома и Даниеле Де Роси ја продолжија соработката, најмалку до 2027 година. Со тоа „волчицата“ го реши тренерското прашање за следните три години.
Де Роси дојде како в.д. тренер да го замени Жозе Мурињо, но добрите настапи во вториот дел од сезоната, беа доволна препорака за тимот да го продолжи договорот со легендата на Рома.
Де Роси речиси целата кариера ја мина во Рома како играч, а сега стана и тренер на оваа екипа. Навивачите се воодушевени од овој потег, имајќи во предвид дека оваа екипа играше добро во вториот дел од сезоната, и стигна до Европа, како и до полуфиналето во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА