ОФИЦИЈАЛНО: Де Зерби е назначен за нов тренер на Тотенхем

Роберто Де Зерби е нов шеф на стручниот штаб на Тотенхем. Италијанскиот стратег доаѓа на жешкото столче како наследник на Игор Тудор, кој по краткотрајната и неуспешна епизода не успеа да го издржи притисокот и да ги консолидира редовите на лондонскиот тим.

Пред Де Зерби е поставен огромен предизвик, а тоа е Тотенхем да обезбеди опстанок во елитата.

Италијанецот потпиша петгодишен договор, што јасно укажува на намерата на клубот тој да биде долгорочно решение на Тотенхем.

 

Се вчитува...