Доскорашниот дефанзивец на Ливерпул, Жарел Куанса е нов играч на Баер Леверкузен. Тој денеска го комплетираше трансферот, и потпиша договор до 2030 година. Доаѓа како замена за Џонатан Та кој се пресели во Баерн Минхен.
Ова е втор голем трансфер меѓу овие два тима, откако пред неколку дена Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за рекорден трансфер се пресели на „Бај Арена“.
Претходно Баер Леверкузен доби нов тренер во името на Ерик тен Хаг, а се засили и со Абдулаје Фаје од Хаке, голманот Марк Флекен кој дојде од Брајтон, Аксел Тапе од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

