Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков од Рајн Некар Левен се сели Воеспрем. Она што веќе извесно време се шпекулираше денеска доби и официјална потврда од унгарскиот првак.
Манасков со Веспрем потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.
Крилото на македонската репрезентација лани од Вардар замина во Рајн Некар Левен, но во германскиот шампион сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон и веќе се навестуваше промена на средината. На негово место Рајн Некар Левен за следната сезона го ангажира младиот шветски репрезентативец Џери Толбринг, а Манасков се реши за преселба во Унгарија.
Веспрем од летово го презема Љубомир Врањеш и тој си креира тим за својот стил на игра во кој влегува и македонското крило. Од следната во Веспрем на лево крило доаѓа и Французинот Кентин Мае од тимот на Фленсбург.
Веспрем денеска ги претстави и сите засилувања за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш заедно со Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА