Џабари Паркер и официјално е нов кошаркар на Партизан.
Претседателот на клубот од Хумска, Остоја Мијаиловиќ во видео клип потврди дека со поранешниот втор пик на НБА драфтот е потпишан двегодишен договор.
„Почитувани навивачи на Партизан, сакам да ви се обратам со многу важна вест. Во 2017 година, кога дојдов во Партизан, овој кошаркар играше за Милвоки. Џабари Паркер ќе биде играч на Партизан наредните две сезони. Џабари, добредојде во Партизан“, изјави Мијаиловиќ.
Паркер претходните две сезони ги помина во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

