Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса кариерата ќе ја продолжи во редовите на новиот евролигаш Дубаи откако денеска и официјално беше претставен како нов дел од амбициозниот проект кој и во новата сезона ќе биде дел од АБА лигата.
Муса последните три сезони ги помина во редовите на Реал Мадрид каде настапуваше со голем успех освојувајќи титули во Евролигата, шпанското првенство како и Купот и Суперкупот на Шпанија.
Welcome to your new home, Dzanan 🤎🤍🖤#DU13AI pic.twitter.com/V451LSuii2
— Dubai Basketball (@dubaibasket) July 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

