ОФИЦИЈАЛНО: Џејмс Медисон е нов фудбалер на Тотенхем

Англискиот премиер-лигаш Тотенхем го официјализираше првото големо засилување за следната сезона во англискиот фудбал. Репрезентативецот на Англија, Џејмс Медисон пристигна на „Вајт Харт Лејн“ од редовите на Лестер.

Тотенхем за него плати 40 милиони фунти, а Медисон потпиша петгодишен договор и ќе заработува по 170.000 фунти неделно.

 

Се вчитува...