Кошаркарот на Партизан Џејмс Нанели ќе остане во клубот, потврдија од „црно-белиот“ тим. Во сезоната 2022/23, Џејмс Нанели беше многу важен играч за Партизан, а со своите шутеви во последните секунди од мечевите беше херој за белграѓани на голем број на натпревари.
Договорот на Нанели истекуваше на крајот од сезоната и навивачите на црно-белите се плашеа дека тој може да го напушти тимот, но Нанели реши да остане.
Џејмс следната година ќе го носи црно-белиот дрес со број 21, како што соопшти Партизан, а продолжувањето на договорот го објавија на социјалните мрежи со порака:
„Повторно танцуваме“ како алузија на познатата прослава против Реал Мадрид во белградска Арена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА