Официјално: Димоски назад во Србија, потпиша за ТСЦ

Бојан Димоски повторно ќе настапува во шампионатот на Србија откако македонскиот репрезентативец денеска го официјализираше трансферот во редовите на ТСЦ што беше најавен уште пред неколку дена.

Димоски беше член на руски Амкар, од каде вториот дел од ланската сезона го мина на позајмица во Партизан. Нашиот интернационалец не доби премногу шанси за докажување во црно-белиот дрес, во меѓувреме Амкар бараше купец за перманентен трансфер, на крајот постигнувајќи договор со ТСЦ.

„Бојан Димоски (роден 2001) е нов играч на ТСЦ. Македонскиот репрезентативец ни пристигна од рускиот Акрон. Својата кариера ја почна во Тетекс, а потоа го носеше и дресот на Вардар и на Брера Струмица, а во Србија има настапувано за Партизан. За репрезентацијата има одиграно 20 натпревари. Добредојде во семејството ТСЦ“ се вели во објавата на српскиот суперлигаш.

Се вчитува...