Саутемптон изненади многумина со одлуката за нов менаџер по разделбата од Расел Мартин, откако денеска и официјално беше потпишан договор со Иван Јуриќ.
Хрватот имаше разочарувачка епизода во Рома, клуб каде доби отказ по само 12 натпревари по конфликтите со клучните играчи во тимот, но управата на Саутемптон сепак го избраа токму Јуриќ за нов предводник на „светците“. Овој тим важи за убедливо најслаб во Премиер-лигата и го очекува жестока борба за опстанок, па јасно е дека пред Јуриќ е огромен предизвик во наредниот период.
„Многу сум задоволен. Ова е многу голем предизвик, но оптимист сум бидејќи знам дека тимот на Саутемптон може многу повеќе од она што го прикажуваше досега“, изјави 49-годишниот хрватски стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА