Ентони Џошуа ќе се бори против Тајсон Фјури за обединување на титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ВБЦ. 31-годишниот Џошуа, ги има освоено титулите ИБФ, ВБО и ВБА, а неговиот сонародник е шампион на ВБЦ од февруари минатата година кога го победи Деонтеј Вајлдер. Договорот за нивните две борби е потпишан по повеќемесечни преговори.
Откако двете страни се согласија, останува да биде објавен и официјалниот датум за нивната прва борба.
“Сè е потпишано. Наскоро ќе се знае кога и каде ќе се одржи првата борба”, изјави агентот на Џошуа, Еди Херн.
Неодамна Фјури кажа дека неговиот противник нема на што да се надева, бидејќи поразот однапред му е загарантиран.
“Никогаш не сум видел како Џошуа на некој му симнува глава од рамото. Ова се подготвуваше подолго време, долго време ме избегнуваше, но сега конечно борбата ќе се случи. Можеби тој ќе избега, можеби ќе прифати, како и да е, нема сценарио што може да го добие. Мислам дека тој не е добар како што го перцепираат луѓето, мислам дека не му треба толку голема самодоверба. Тој имаше слаби резултати во последните два настапи. Во боксот победата зависи од тоа во каква форма сте, Ентони не покажа форма во последните две борби, а јас сум во победничка форма. Мислам дека ќе го победам во првата или втората рунда“, изјави неодамна Фјури кој има 31 борба во неговата кариера и забележа 30 победи и едно реми со Вајлдер.
„Дејли Меил“ претходно напиша дека Фјури и Џошуа би можеле да се борат во мај, но надвор од Велика Британија.
“Искрено, престанав да тренирам. Во моментов сум на осум до 12 пива на ден. Не јадам и сите калории што ги добивам се преку алкохол. Одмарам, сакам малку да уживам и не размислувам за таа борба“, рече Фјури пред неколку дена додека чекаше Ентони да го потпише договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА