Вардар и официјално остана без Данел Донгмо во своите редови откако камерунскиот играч за врска го комплетираше трансферот во редовите на Петролул Плоешти.
Романскиот прволигаш денеска и официјално го промовираше 24-годишниот Донгмо како засилување за средниот ред, потпишувајќи двогодишен договор со Камерунецот.
Тој мина една година во дресот на Вардар, давајќи придонес во освојувањето на Купот на Македонија и пласманот во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
„Данел Донгмо е фудбалер на Петролул со сите соодветни документи, денеска ги завршивме сите формалности околу регистрацијата на овој фудбалер, со кого потпишавме двогодишен договор“, објави Петролул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

