Официјално: Дубаи, Макаби и Хапоел до крајот на сезоната домаќини во Европа

Сопствениците на клубовите од Евролигата на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од воено разурнатите подрачја мора да бидат преместени на безбедни локации и да играат таму како домаќини.

Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.

Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.

Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.

Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, во поголемиот дел од претходната сезона, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.

Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.

Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрението од властите од главниот град на БиХ.

До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.

Се вчитува...