Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар од шестото коло во Лигата на Шампионите што требаше да се игра утре во Париз и официјално е одложен. Причина се новите случаи на Covid-19 во редовите на македонскиот првак, поради што е донесена одлука тимот да не патува во Франција.
„Имаме два нови позитивни случаи во пресрет на дуелот со ПСЖ, еден ракометар и еден член на стручниот штаб. Поради тоа, натпреварот со ПСЖ е одложен. Веќе разговараме со претставниците на ЕХФ и добивме потврда на таквата одлука“, изјави за ЕКИПА првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски.
Ова е трет одложен натпревар на Вардар во Лигата на Шампионите сезонава, откако „црвено-црните“ не ги одиграа ниту средбите од второто и третото коло, на домашен терен против Елверум и на гостувањето против Пик Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА