Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Тој доаѓа да ја засили центарската линија во тимот од Аеродром, со оглед здравствени проблеми на Милош Копривица и Андреј Андоновски. Тој првите чекори во сениорската кошарка ги направи во Шпанија, а во македонското првенство играше за екипи како Куманово, Пелистер, Еуро Никел и Работнички.
Двојаковски своето деби во сино-белиот дрес ќе го има в недела, кога составот предводен од тренерот Васко Атанасов ќе му гостува на МКК Куманово (18 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

