Официјално: Едерсон е нов голман на Фенербахче

Завршува една ера во Манчестер Сити. Голманот Едерсон, кој беше дел од „Граѓаните“ во најблескавите мигови во историјата, кога тимот се закити со трофејот во Лигата на шампионите, потпиша за Фенербахче.

Бразилскиот чувар на мрежата беше незаменлив дел од тимот, се до лани кога имаше караница со тренерот Пеп Гвардиола за време на негова измена, по што и тогаш беше на излезна врата. Меѓутоа на крајот остана на „Етихад“, а сега заминува со перманентен трансфер.

Фенербахче беше во потрага на нов голман по заминувањето на Доминик Ливаковиќ во Џирона како позајмен.

Со овој трансфер е отворена вратата за трансфер на Џанлуиџи Донарума во Манчестер Сити.

Се вчитува...