Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко е нов играч на Шалке, соопшти германскиот клуб.
Џеко (39) потпиша договор со Шалке до крајот на сезоната.
Во првиот дел од сезоната настапуваше за Фиорентина, а за клубот од Фиренца на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна два гола.
Фудбалерот од Босна и Херцеговина во текот на својата кариера меѓу другите играше за Манчестер Сити, Интер, Рома, Волфсбург и Фенербахче.
Шалке е лидер на табелата во втората лига на Германија со 38 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

