Лидерот во Премиер – лигата, Манчестер сити го реализираше трансферот на Емерик Лапорт. „Граѓаните“ исплатија 57 милиони фунти на Атлетик Билбао за францускиот дефанзивец, што претставува нов клупски рекорд, додека фудбалерот стави потпис на пет ипол годишен договор.
Пеп Гвардиола конечно го доби посакуваното засилување, откако не успеа да го ангажира Лапорт во 2016 година. Непосредно пред почетокот на ЕП 2016, Французинот ја скрши ногата и мораше да паузира подолго време, што го спречи да се пресели на „Етихад“.
„Пресреќен сум што ќе го носам дресот на еден од најамбициозните и најдобрите клубови во светот. Со нетрпение чекам да ја започнам соработката со моите нови соиграчи, но пред се се радувам што ќе играм под водство на Пеп Гвардиола“, истакна Лапорт.
Но сега веќе нема дилеми, шпанскиот стратег ја додаде последната „сложувалка“ во дефанзивна линија, четворката Вокер-Стоунс-Лапорт-Менди сега вреди енормни 200 милиони фунти, убедливо најскапата одбрана во фудбалот.
Defensive reinforcements acquired! ???
Please #welcomeaymeric to the Club! pic.twitter.com/cDu4FWOKlb
— Manchester City (@ManCity) January 30, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА