Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и официјално е назначен за нов тренер на турскиот суперлигаш Тофаш.
Тофаш во оваа сезона успеа да се пласира во плеј-офот, но не ја мина првата пречка. По заминувањето од московска ЦСКА, Рајковиќ беше без ангажман, и сега се враќа на клупата во земја во која не бил никогаш.
Работеше во клубови од Казахстан, Полска и Русија, а имаше и домашни ангажмани на почетокот на тренерската кариера, како тренер на Работнички, Фени Индустри и МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

