ОФИЦИЈАЛНО: Енис Барди е нов фудбалер на Коњаспор

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди е претставен за нов фудбалер на турскиот прволигаш Коњаспор.

Барди со турскиот прволигаш Коњаспор потпиша договор во траење од две години, а како што пренесуваат медиумите од Турција тој годишно ќе заработува околу 500 илјади евра.

Коњаспор ќе биде трет турски прволигаш чии бои ќе ги брани Барди во кариерата, откако претходно настапуваше за Трабзон и за Бодрум.

Се вчитува...