Кристијан Ериксен дефинитивно ќе мора да замине од Интер и од италијанскиот фудбал доколку данскиот плејмејкер сака во иднина да ја продолжи професионалната кариера.
Ериксен едвај остана жив откако колабираше за време на дуелот меѓу Финска и Данска на ЕВРО 2020, но лекарите успеаја да му го спасат животот, за неколку дена подоцна да му биде вграден дефибрилатор во телото. Токму овој уред за нормализација на работата на срцето значи и крај на неговата кариера во Италија, бидејќи во Статутот на Фудбалската Федерација на оваа змја е наведено дека оние лица кои имаат вграден дефибрилатор не смеат професионално да се занимаваат со овој порт.
„Кога дефибрилаторот би бил изваден од телото на Ериксен, тоа би значело дека веќе нема опасност од болеста и тој би можел да игра фудбал повторно. Сепак, ова во пракса не се прави никогаш, апаратот останува како дел од организмот за да не се случи трагедија. Лекарите сигурно нема да ризикуваат и да го вадат од телото“, изјави Франческо Браконаро, член на медицинската комисија при Фудбалската Федерација на Италија.
Ериксен се уште се наоѓа во фаза на рехабилитација, но данскиот плејмејкер не крие дека планира штом се опорави да се врати и на терените и да ја продолжи кариерата. Останува да се види каде би можело таа желба да му се оствари, ако се знае дека и во Англија и во уште неколку европски држави владеат исти правила како и во Италија. Една од оние земји каде Ериксен би можел пак да игра фудбал е Холандија, каде Дејли Блинд од Ајакс се уште игра активно со вграден дефибрилатор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА