Ертел го продолжи договорот со Барселона

Францускиот кошаркар Томас Ертел го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, со можност соработката да се продолжи плус една сезона. Искусниот плејмејкер во Каталонија стигна во 2017 година од Анадолу Ефес, а од тогаш е еден од предводниците на шпанскиот клуб.

Ја водеше екипата до две титули во купот на Шпанија, каде беше прогласен и за МВП, а минатата сезона во шпанското првенство просечно бележеше 19,6 поени. Барселона продолжува со правењето на тим кој треба следната сезона да ја нападне титулата во Евролигата. Претходно каталонците потпишаа и со Никола Миротиќ, Кори Хигинс и со Брендон Дејвис, а сериозен интерес се покажува и за Пау Гасол и Алекс Абринес.

 

Се вчитува...