Веќе нема никакви дилеми, Евролигата од следната сезона ќе брои 20 екипи откако на денешното собрание мнозинството го изгласа предлогот за ширење на елитното европско натпреварување.
Иако постоеја најави за поделба на екипите во две групи од по 10 тима, сепак беше задржан стариот лигашки формат, со тоа што сега ќе се играат дури 38 рунди до плејофот, наместо досегашните 34. Во однос на ланската сезона сезона дел од Евролигата нема да биде германска Алба, а нови учесници се Дубаи, Валенсија и Хапоел Тел Авив, како актуелен освојувач на Еврокупот.
АБА-лигашите Партизан и Црвена Звезда конечно го добија она што го посакуваат – па денеска беше објавено дека двете српски екипи добиле тригодишни лиценци за да бидат дел од Евролигата.
Како што информираат српските медиуми, белградските клубови ќе платат „само“ по 750.000 евра (се шпекулираше со суми од над три милиони), плус 250.000 евра трошоци за судење за следната натпреварувaчка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

