Искусниот камерунски голман Фабрис Ондоа од денеска и официјално е нов голман на македонскиот прволигаш Работнички засилувајќи го скопскиот тим како слободен играч.
„Романтичарите“ ја официјализираа соработката која ќе трае во следните година и пол.
Ондоа кој има 53 настапи за репрезентацијата на Камерун во текот на кариерата настапуваше и за Барселона (Б), Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра, РФС…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

