Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампазо е новото засилување на КК Црвена звезда. Искусниот 31-годишен дефанзивец од Кордоба, по деталните лекарски прегледи потпиша договор до крајот на натпреварувачката сезона 2023/2024 година и ќе претставува огромно засилување за тимот на Црвена звезда.
Поранешниот играч на Денвер Нагетс и Далас Маверикс, кој остави најголем белег играјќи за Реал Мадрид, со кој освои две Евролиги и три шампионски титули во Шпанија, Купот на Шпанија и четири Суперкупа.
Со аргентинската репрезентација ја освои титулата вицешампион на светот во Кина во 2019 година, а негов соиграч беше уште еден играч на Црвена звезда, Лука Вилдоза.
Искусниот Аргентинец веднаш ќе се приклучи на тренинзите на белградскиот тим.
Argentinski plejmejker Fakundo Kampaco novo je pojačanje KK Crvena zvezda!
Welcome, Facundo! 🔴⚪️
Detaljnije: https://t.co/IZQrD0U4vx#kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam | @EuroLeague pic.twitter.com/Y8355zsXOO
— KK Crvena zvezda mts (@kkcrvenazvezda) December 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА