Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ поради повреда нема да може да смета на Џофри Ловерњ и Луиџи Датоме, на претстојниот фајнал-фор турнир во Евролигата, официјално потврдија од турскиот великан.
Францускиот интернационалец е надвор од терените од средината на февруари, поради повредата на зглобот која ја заработи на полуфиналниот дуел во купот на Турција. Датоме заработи повреда на листот, на крајот на месец април, на меч од турското првенство против Дарушафака. Ловерњ сезонава во Евролигата забележа 22 настапи, на кои просечно бележеше 8,5 поени и 3,6 скока, додека Италијанецот на 34 натпревари сезонава имаше просек од 9 поени и 3,6 скока.
Од клубот соопштија дека Никола Калиниќ и Јан Весели кои исто така имаат проблем со повреди, ќе продолжат со терапија, а нивната ситуација накнадно ќе биде анализирана. Финалниот турнир од Евролигата на програмата е од 17 до 19 мај во Виторија, Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА