Американскиот кошаркар Девон Хол од денеска и официјално е нов член на евролигашот Фенербахче. 28-годишникот кој ги покрива бековските позиции потпиша двогодишен договор со турскиот тим до крајот на сезоната 2025/26.
Хол последните три сезони беше дел од Олимпија Милано со која на 32 натпревари во Евролигата минатата сезона бележеше просек од 8.2 поени, 2.9 скокови и 1.9 асистенција по натпревар.
Кошаркарот кој се очекува да биде замена за Ник Калатес кој замина од Истанбул ретходно беше дел и од Бросе Баскет и НБА франшизата Оклахома Сити Тандер.
Devon Hall Fenerbahçe Beko’da! ✍️💛💙
👉 https://t.co/vRmGbLG1Q0 pic.twitter.com/gA1qrkDLLl
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) June 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА