Феран Торес од денеска и официјално е нов фудбалер на Барселона откако каталонскиот тим го потврди неговиот трансфер. Шпанецот во петкратниот освојувач на Лигата на Шампионите доаѓа од Манчестер Сити во трансфер вреден 55 милиони евра.
Торес блесна во редовите на „граѓаните“ претходната сезона, но мораше да пропушти дел од оваа поради скршеница на стапалото. Во Барселона се очекува да ја врати одличната форма, а воедно да биде и еден од главните играчи на Чави во годините кои следат.
🤙 @ferrantorres20 calling … #BenvingutFerran pic.twitter.com/78DP3qjB8i
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

