ОФИЦИЈАЛНО: Ферстапен со пет места казна на трката за ГН на Бразил

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен е казнет пред трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

Холанѓанецот е казнет со пет позиции поради новиот мотор во неговиот болид. Такво нешто се очекуваше бидејќи првиот човек на австрискиот тим Хелмут Марко го обвини моторот за лошиот настап на Ферстапен на трката за Големата награда на Мексико, каде што го освои шестото место.

Неговата казна ќе му даде надеж на Ландо Норис, возачот на Мекларен, дека може дополнително да го намали заостатокот зад него, кој моментално изнесува 47 поени.

Во сабота ќе се одржи спринт трката на Интерлагос, додека казната ќе важи за онаа што ќе биде на програмата во недела. Да потсетиме, во јули, Ферстапен беше казнет со 10 позиции во Белгија, откако постави петти мотор (четири дозволени во текот на сезоната).

Се вчитува...