Официјално: Филип Костиќ се пресели во Фенербахче

Турските клубови имаат одличен преоден рок, откако денеска го решија и потписот на Филип Костиќ. Фудбалерот на Јувентус доаѓа како позајмен од торинскиот клуб, откако Тиаго Мота не смета на него во новата сезона.

Костиќ во минатото беше дел од Ајнтрахт, и ќе биде големо засилување за тимот од Истанбул во битката за титулата заедно со ривалите Бешикташ и Галатасарај.

Костиќ рече дека со нетрпение чека да истрча пред фановите на Фенербахче и подготвен е да се докажува во новиот предизвик.

Се вчитува...