Официјално: Филип Купанов е нов фудбалер на Башкими

Нов фудбалер на македонскиот прволигаш Башкими од денеска и официјално е голманот Филип Купанов.

22-годишникот во кумановскиот тим пристигнува од редовите на Брера Струмица каде настапуваше како позајмен играч од Тиквеш изминатата сезона.

„Со брзи рефлекси, силен став и глад за успех, Филип се приклучува на нашиот тим за да го брани голот со гордост и решителност“, стои во објавата на Башкими на социјалните мрежи.

Се вчитува...