Официјално: Филкруг во дресот на Милан

Сега и официјално. Никлас Филкруг е нов играч на Милан, откако „росонерите“ го потпишаа како позајмен играч од Вест Хем, со опција на перманентен трансфер на крајот од сезоната.

32-годишниот Филкруг ги мина младинските категории во Вердер, а потоа играше за Гројтер Фирт, Нирнберг и Хановер, пред да се врати во Вердер во 2019 година. Во 2023 година се приклучи на Борусија Дортмунд, каде одигра 42 меча и постигна 15 голови. По престојот во Борусија, се пресели во Премиерлигата во Вест Хем.

Во 2022 година, доби повик за сениорската репрезентација, и беше дел од селекцијата за Мундијалот во Катар. Филкруг во Милан ќе го носи дресот со број 9.

Се вчитува...