ОФИЦИЈАЛНО: Финската сензација од Евробаскет потпиша со Партизан

Мика Муринен е нов кошаркар на Партизан, објави претседателот на клубот од Белград Остоја Мијаиловиќ.

Талентираниот фински кошаркар потпиша договор на три години. Тој доаѓа од средно училиште во Аризона, и покрај тоа што се предвидуваше дека ќе потпише со некој одод најголемите универзитети во САД.

Зад 18-годишникот е одличен Евробаскет, каде што со Финска стигна до четвртото место, а одигра значајна улога од клупата и  претставуваше Х-фактор на оваа репрезентација. Тој беше прогласен за најдобар млад кошаркар на шампионатот.

 

Се вчитува...