Милан и официјално го потврди назначувањето на новиот тренер Пауло Фонсека, кој потпиша повеќегодишен договор со клубот.
„Росонерите“ ја започнаа потрагата по нов тренер пред неколку месеци, откако решија да се разделат од Стефано Пиоли, кој освои Скудето и го однесе клубот во полуфиналето на Лигата на шампионите за време на неговите пет години на чело на клубот од „Сан сиро“.
Фонсека ги победи другите кандидати, вклучувајќи ги Хулен Лопетеги, Марк ван Бомел и други за да ја преземе работата со Милан, откако покажа голем број позитивни знаци во за време на периодот кога ги водеше Лил и Рома.
Како што беше официјално објавено денеска, Фонсека го презеде Милан, ставајќи потпис на тригодишен договор кој трае до јуни 2027 година. Тој ќе има задача да се обиде да ја намали разликата од ривалот Интер, кој ја обезбеди својата 20. титула во лигата.
𝐏𝐚𝐮𝐥𝐨 𝐅𝐨𝐧𝐬𝐞𝐜𝐚
Official Statement 👉 https://t.co/8VToZbcKxv
Comunicato Ufficiale 👉 https://t.co/ZTnirAMhqY#SempreMilan pic.twitter.com/mMAkh0vEBR
— AC Milan (@acmilan) June 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА