Родениот Римјанин Давид Фратези, е нов играч на Интер. Тој доаѓа од тимот на Сасуоло, како замена за Марсело Брозовиќ кој замина во Саудиска Арабија. Неговиот договор е позајмица во крајот на сезоната, со обврска за откуп.
Фратези првите фудбалски чекори ги почнува во Лацио, а потоа во 2014 година се сели во ривалот Рома, каде што игра за младинските категории на овој тим. Се сели во Сасуоло во 2017 година, но заминува на многубројни позајмици во Асколи, Емполи и Монца. Се врати на голема врата во изминатите две сезони, и беше еден од најдобрите играчи во средниот ред.
Добрите настапи му донесоа и повик во италијанскиот национален тим. Претходно Интер се засили со Маркус Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

