Премиерлигашот Манчестер јунајтед денеска и официјално го доби новото засилување во своите редови, Габриел Хесус, потврди клубот од „Етихад“ на својот официјален сајт.
19-годишниот напаѓач уште минатото лето го договори трансферот во тимот, но до овој месец беше член на Палмеирас. Тој неодамна пристигна во Манчестер, но поради проблеми со документите околу трансферот, официјалниот потпис беше одложуван и Хесус денеска е претставен како ново засилување за клубот.
„Сакам да освојувам многу титули со Манчестер сити. Оваа екипа секогаш се бори за освојување титули во сите натпреварувања и тоа е главната причина што одбрав да настапувам за овој тим во иднина“ – истакна Хесус после потпишувањето на договорот.
Тој постигна 25 погодоци на 85 натпревари во дресот на Пелмеирас, а своето деби за екипата на Пеп Гвардиола би можел да го има веќе во сабота, на дербито против Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА