Атлетико Мадрид и Челси, конечно, постигнаа договор за трансфер на англискиот фудбалер Конор Галагер. 24-годишниот фудбалер го напушти матичниот клуб и се сели во Шпанија. Договорот е на пет години до 2029 година.
Играчот од средниот ред целата кариера ја мина во Челси, со позајмици во Свонси, ВБА и Кристал Палас. За лондонскиот клуб одигра 95 меча, и постигна 10 гола и 10 асистенции.
Тој дебитираше за Англија во 2021 година, и беше дел од составот на Мундијалот во 2022 година. Има 18 меча за сениорскиот тим на Англија.
Преговорите помеѓу Атлетико и Челси за Галагер траеја веќе долго време. Прво играчот се договори, но мораше да се врати, затоа што Челси инсистираше во трансферот да биде вклучен и Жоао Феликс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА