Искусниот италијански стратег, Џанпјеро Гасперини е назначен за нов тренер на калчолигашот Рома, потврдија денеска од клубот.
Гасперини на клупата на римската волчица ќе го наследи Клаудио Раниери кој прифати да го води клубот до крајот на претходната сезона.
Гасперини изминатиот период успешно ја водеше екипата на Аталанта, со која минатата сезона успеа да стигне до историски трофеј во Лигата на Европа. Гасперини се обврза на договор со Рома до 2028 година.
🟨 Benvenuto a Roma, Mister! 🟥#ASRoma pic.twitter.com/EgjKFZRBZg
— AS Roma (@OfficialASRoma) June 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

