Евертон се спаси од тотален финансиски колапс откако премиерлигашот од Ливерпул денеска објави дека има нови сопственици, и тоа американската групација Фридкин.
Станува збор за семејство кое неколку години раководи со италијанскиот прволигаш Рома, а Американците се решија да влезат и во англиската Премиер-лигата, станувајќи доминантни сопственици во клубот од „Гудисон Парк“.
Евертон се соочи со огромни финански проблеми за време на раководењето од Фархад Мошири, кој во последната година имаше неколку неуспешни обиди да го продаде клубот. Договорот меѓу Мошири и Фридкин беше потпишан на 23 септември, но денеска и официјално беше одобрен од страна на англиските власти и Премиер-лигата, со што „сино-белите“ се спасија од банкрот, нешто што сериозно им се закануваше како црно сценарио доколку не најдеа нов купец во наредните три месеци.
Неофицијално, групацијата Фридкин платила 400 милиони фунти за мнозинскиот пакет акции во Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА